Во Истанбул е најголемиот тепих од лалиња

И оваа година на плоштадот Султан Ахмет, спроти црквата „Света Софија“ во Истанбул, расцвета рекордно голем килим од стотици илјади лалиња, кои секоја година се садат со цел да се потсети на освојувањето на Константинопол од страна на Османлиите.

Цветната површина од 565.000 лалиња е распослана на 1.740 квадратни метри. Бројката 565 ги симболизира 565-те години од 1453 кога Османлиите го освоиле Константинопол, денешен Истанбул.

Ова е досега најголемиот килим од лалиња во светот.

 

Лалињата, традиционално, потекнуваат од источна Турција и од степите во централна Азија, каде што овој цвет, според верувањето, бил првпат култивиран од Османлиите. Со ова Турците денес сакаат да пратат порака дека, всушност, Турција е земја на лалињата, а не Холандија.

Турција и Холандија веќе не спорат за тоа која земја е прататковината на нежниот цвет. Истанбулскиот Фестивал на лалињата во 2013 беше посветен на 400-годишнината од воспоставувањето билатерални односи меѓу двете земји.

Scroll to Top