Во Кина се гради најголемиот и најскап стадион на светот

Во Кина деновиве почна да се гради најголемиот и најскап стадион на светот. Новиот стадион на кинескиот суперлигаш „Гвангџу Евергранде“ ќе има капацитет од 100.000 седишта, а ќе биде завршен во 2022 година. За неговата изградба ќе се потрошат 1,7 милијарди долари. Стадионот ќе има форма на лотосов цвет, а дизајнот е инспириран од статусот на Гвангџу како кинески град на цвеќето.

„Стадионот на Евергранде ќе стане ново светско обележје, налик на операта во Сиднеј и Бурџ Калифа во Дубаи. Тој ќе биде важен симбол на кинескиот фудбал во светот“, рече Шјија Хаиџун, претседателот на конгломератот „Евергранде“, на церемонијата на почнувањето на градежните работи.

Шјија најави дека неговата компанија би можела да изгради уште три до пет стадиони низ Кина со капацитет меѓу 80.000 и 100.000 седишта.

Новиот стадион на Гвангџу ќе биде поголем од „Камп ноу“ на „Барселона“, иако клубот сега работи на проширување на капацитетот на 105.000 места.

Scroll to Top