Во Маврово снежен рај, а од понеделник нови врнежи снег

Снеготот што во изминатите денови интензивно паѓаше, во Маврово формира покривка од 95 см, на Попова Шапка 50, во Крушево 44, а во Скопје 12 сантиметри. Најстудено изутринава е во Скопје, Крива Паланка, Крушево и Маврово со минус осум степени.

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерна облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб снег. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната од минус четири до три степени.

Scroll to Top