Во Москва украдена кола што му припаѓала на Сталин

Руската полиција ја истражува кражбата на редок автомобил ЗИС, за кој се вели дека му припаѓал на поранешниот советски лидер, Јосиф Сталин. Веста за кражбата на колата ја соопшти московската полиција.

Медиумите во Русија пишуваат дека непознати сторители ја украле лимузината на Сталин, и дека нејзината вредност е околу 2,5 милиони евра.

Од московската полиција не потврдуваат дали навистина автомобилот бил сопственост на Сталин, ниту дали е тоа неговата вредност.

„Сопственоста на украденото возило и неговата вредност ќе бидат познати дури откако органите на редот ќе добијат документи како доказ“, рекле од полицијата.

Scroll to Top