Група нуркачи открија замок стар 3000 години, во најголемото езеро во Турција, Ван. Тимот на турски археолози, заедно со Ташино Цејлан, на десетина метри под површината на езерото открија древна структура која се протега на нешто помалку од еден километар и е опкружена со ѕидови.
„Претпоставувавме дека може има нешто што се крие на дното на езерото, но повеќето археолози биле убедени дека нема да најдеме ништо. Фантастично е чувството што го пронајдовме замокот под водата“, рекол Цејлан.
Според историските податоци се проценува дека подводната градба е стара 3000 години. Ѕидовите се најверојатно составени од камен од периодот на Урат цивилизацијата, која постоела од 860 година пред нашата ера до 590 година пред нашата ера. Урат, која е позната и како кралството Ван, била древна цивилизација што се населила во деловите на денешна Турција, Ерменија и Иран.