Паркиарни автомобили во зеленилото на Градскиот парк во Скопје се сè почеста слика за викендите. Возачите ги паркираат автомобилите каде што ќе им текне. Најчесто на пешачките зони до дискотеките, покрај кафулето кај езерцата, во близина на паркот за кучиња и покрај тоа што има обележани паркинг-места пред и околу самиот парк. Рампите на влезот на паркот често се кренати, па секој може со автомобилот да влезе во паркот. Граѓаните раскажуваат дека тука речиси никогаш не виделе да дојде некој за да напише казна. Казна за паркирање во зеленило е 500 евра.
„Стоп за идиоти“, „Срамота е, дојдовме да се прошетаме, а бегаме да не нè згази кола“, „Наместо да дишеме чист воздух, и тука се замараме со несовесни граѓани што ја загадуваат околината“, рекоа за „Репортер“ неколку граѓани што викендов се шетаа во паркот. Надлежни за одржување на паркот се Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“. „Репортер“ побара изјава од недлежните, но досега не добивме одговор.