Во Ватикан има курс за истерувачи на ѓаволот

Во папскиот факултет во Рим по 13. пат се одржува курс за истерувачи на ѓаволи. Само во Италија секоја година околу 500.000 луѓе бараат помош од егзорцисти. Токму затоа на факултетот Регина Апостолорум се одржува курс за егзорцисти. Службата за односи со јавноста на Ватикан вели дека курсот е наменет исклучиво за свештеници кои сакаат обновување на своето знаење за истерување на ѓаволот.

Овој курс се организира по барање на свештениците што не се чувствуваат доволно подготвени за истерување на ѓаволот. Во Католичката црква овој обред се смета за молитва со која луѓето се ослободуваат од моќта на злото. Во егзорцизмот, во името на Исус Христос, му се наредува на демонот да ја напушти личноста што ја опседнал. Обредот на протерување се состои од молитви, благослови и заклетви.

Денешната постапка на егзорцизам е дозволена дури откако свештеник детаљно ќе го провери случајот и по потреба ќе се советува со лекари и психијатри.

Scroll to Top