Во Велика Британија се забранува секс со лице од друго семејство

Парламентот на Велика Британија најави дека ќе донесе нов закон со кој се забранува секаков сексуален контакт нa јавни и приватни места помеѓу две лица што не живеат заедно. Ова го прават по барање на здравствените власти, како нова мерка за изолација на Ковид-19, кој сè уште е во сила.

Според тамошните медиуми, ова значи и дека сексот со лице од друго семејство, надвор од куќата, ќе биде забранет и казнет. Сексот на јавни места и претходно беше забранет во Британија.

„Ниедно лице не може, без разумно оправдана причина, да преноќи на место различно од она каде што живее“, стои во текстот на предложениот закон. Казната предвидена со новиот закон би била 100 фунти, односно 50 фунти, доколку се плати првите 14 дена.

 

Scroll to Top