Голем број граѓани и фановите на ракометниот клуб „Вардар“ се упатија кон скопскиот аеродром каде ќе ги пречекаат ракометарите на европскиот шампион Вардар.
Капитенот Стојанче Стоиов заедно со останатите ракометари на црвено-црните, се очекува да слетаат од Келн околу 19 часот.
На аеродромот се пристигнати и брендираните двокатни автобуси во кои ракометарите ќе патуваат до скопскиот плоштад каде ќе има организиран дочек.