(Во живо) Евросонг во услови на пандемија

Евросонг  се одржува вечерва, ама како алтернативно шоу Eurovision: Europe Shine a Light, кое се емитува во живо,  од 21 часот, што беше и претходно потврдениот термин за одржување на евровизиското финале.

Специјалното телевизиско шоу  не е со натпреварувачки карактер, но им одадае значајно признание на сите песни и учесници од 41. земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни се емитуваат во фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставени низ кратки видео разгледници, а  ги слушнеме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Обедините од различни локации низ Европа годинашните изведувачи ќе прозвучат низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Scroll to Top