Десетина илјади верници се собраа на Плоштадот Свети Петар во Ватикан на мисата која ја служи папата Франциско.
„Нашата вера е родена на велигденското утро: Исус е жив! Искуството е во срцето на христијанската порака“, порачал папата на Твитер.
Папата ќе одржи традиционален говор „Градот и светот“ (латински Urbi et Orbi) од балконот на Бразилката на свети Пстра.
При влезот на Плоштадот, верниците морале да поминат низ темелна безбедносна проверка. Поставени се детектори за метал и проверка за секој кој ќе сакал да мине на Плоштадот, а околните улици се затворени за сообраќај.