Скопјанката Моника Конопова, активистката за легализација на марихуаната пред два часа на својот Твитер профил објави вознемирувачки фотографии од, како што вели таа, семејно насилство. Таа во твитот напиша:
„Пред два часа татко ми Стојан Ристески, неписмен бездушник и хроничен алкохоличар, се обиде да ме убие кога тргнав да одам во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава. Ми го скрши носот и ми ја измести вилицата“, напиша Моника на Твитер.
Извесно време се уште не се знаеше дали полицијата реагирала, но подоцна на социјалните мрежи се објави дека веќе е пренесена во болница.
Пред два часа татко ми Стојан Ристески неписмен бездушник и хроничен алкохоличар на ул Антон Чехов 41б во геге, се обиде да ме убие кога тргнав во кујна да земам храна. Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата! #семејнонасилство pic.twitter.com/kjEL50P1zC
— Monique Konopova (@MoniqueKonopova) May 26, 2020