Вработените кај Џеф Безос и Илон Маск обвинуваат за расизам и сексизам на работното место, милијардерите велат се трудевме да не е така

Против двајцата најбогати луѓе на светот, Џеф Безос и Илон Маск се подигнати обвиненија за расизам и дискриминација, пренесува „Дојче веле“. Како пренесуваат медиумите, против првите луѓе во компанијата на Маск, „Тесла“, се подигнато обвиненија за расизам и дискриминација.

Тужба поднел Афроамериканецот Овен Дијаз (53), кој работел во Калифорнија.

„Постојано ги слушав наредби. ‘Доаѓај ваму црчуго’ или ‘Ајде назад во Африка’. И потоа ќе доаѓа момент да се запрашаш, каде е мојата граница? Во фабриката беа видиливи и расистички цртежи. На ѕидовите во тоалетите имаше кукасти крстови и графити ККК, што е кратеница за Кју клукс клан“, рече Дијаз, кој по две години работа во фабриката, бил принуден да си даде отказ.

Од компанијата „Тесла“ ги демантираа негираа ваквите тешки обвинувања. Во случајот со Дијаз, од фирмата велат дека немаат информации за такво однесување и нагласуваат дека фирмата се противи на секаков облик на дискриминација, вознемирување и нечесен третман.

„Не можеме секогаш секого да спречиме во фабриката да се однесува на непримерен начин, но, и понатаму ќе направиме сè што можеме за да го поттикнеме премерното однесување и да превземеме мерки, ако нешто лошо се случи“, навеле од соопштението на фабриката.

Сепак, медиумите пишуваат дека случајот со Дијаз бил само еден од 90 тужби против „Тесла“, кои биле поднесени од 2016 година до почетокот на оваа година. Првите два месеци, Мелвин Бери добил оштета од милион долари затоа што на расна основа бил навредувам од челниците во компанијата. Слична пресуда сега очекува и Дијаз.

Ист е случајот и во компанијата „Блу Орџин“, на Џеф Безос, основачот на „Амазон“ и вториот најбогат човек на светот. Во писмата на неговите поранешни работници е наведено дека жените кои ја довеле во прашање безбедноста на ракетата „Њу шепард“, редовно биле замолчувани од нивните надредени. Како што пренесува „Гардијан“, работната атмосфера во фирмата е преполна со сексизам, а надлежните повеќе ја вреднувале брзината од безбедноста.

„Нерамноправноста меѓу мажите и жените е честа појава во аеронаутичката индустрија, но, во „Блу Орџин“, има и посебен облик на сексизам. Шефовите постоано непримерно се однесуваат кон жените“, вели Александра Абрамс, која била шеф на комуникации во „Блу Орџин“.

Таа навела дека во 2018 година биле откриени повеќе од 1000 неправилности со моторите во компанијата, но, Џеф Безос вршел притисок да се побрза со тестирањата за да се стигне и престигне комнкуренцијата на полето на организација на туристичките патувања во вселената.

Scroll to Top