Секогаш џинс… но, дефинитивно нивна сезона е почетокот на есента. Џинсот е феномен што никогаш не губи од својата популарност, единствено ја менува формата и дизајнот, соодветни на актуелните трендови, ама основата е незаменлива.
Така и оваа есен џинс-јакната ќе најде соодветно место во речиси сите есенски стајлинзи, независно дали се работи за свечен изглед, спортска комбинација или дури и неконвенционален венчален изглед.
Џинс-јакната може да ја носите со споена со џинс-килоти или тесни фармерки, со елегантен црн фустан или бохо-здолниште, со класични панталони и патики. Едноставно, нејзиниот универзален карактер е во функција на практичниот и неверојатно шик изглед.