Врнежи од снег во делови од Македонија

Во крајните западни и северни делови е сончево со умерена облачност, а во останатиот дел од земјава е претежно облачно. Во јужните и југоисточните делови се уште има локални врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Максималната температура ќе достигне од -5 до 1 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 0 степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Утре ќе има повремен слаб снег, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.

Scroll to Top