Роботите со вештачка интелигенција во иднина ќе може да имаат деца со нивните сопственици, благодарение на најновите достигнувања во науката, тврди Дејвид Леви, експерт за вештачка интелигенција и автор на книгата „Љубов и секс со роботи“.
Леви тврди дека последните откритија во полето на матичните клетки, бионанотехнологијата, роботската генетика и создавањето вештачки хромони би можело да доведе до создавање роботски деца. Иако не е сигурен кога би можело тоа да се случи, роботските бебиња би можеле да почнат да се раѓаат за околу 100 години, пишува порталот усб.мк.
Според Леви на Универзитетот на Охајо е развиен нанотехнолошки чип што успешно го вбризгува генетскиот код во клетките на човечката кожа. Истиот процес, познат како нано-трансфекција на ткива, би можело да овозможи пренесување на генетскиот код на роботот заедно со човечкиот код.
Слично мислење има и творецот на секс-роботот Силикон Саманта, Серги Сантос, кој смета дека роботите и луѓето во иднина ќе може да се венчаваат.