За кого Милошевиќ беше закана, од што се уплаши Милутиновиќ?

Сите знаеме дека војната во Босна и Херцеговина е прекината во американската воена база „Рајт-Петерсон“ во Дејтон во 1995 година, каде што лидерите на трите завојувани страни парафирале со мировен договор потпишан во Париз на 14 декември. Но, малку се знае  што навистина се случувало за време на 21 ден зад капиите на најголемата воена база на светот.

Небојша Вујовиќ, дипломат и шеф на мисијата на СРЈ во Вашингтон во 90-тите години од минатиот век и еден од членовите на единаесетчлената српска делегација, уредно почекал да минат 20 години и потоа решил да го открие замрсениот лавиринт на мачните преговори.

Без намера да толкува, коментира и заклучува, Вујовиќ во книгата „Последниот лед од Дејтон – преговори зад затворени врати“, од аглите на сведоците и непосредните актери, фактографски ја открива тринеделната драма во која режисерската палка ја држеле Американците, а заведените балкански лидери се обидувале да бидат нешто повеќе од статисти.

Милошевиќ бил главен

Се одвивал вистински трилер во кој биле воените статисти Слободан Милошевиќ, Милан Милутиновиќ, Јовица Станишиќ, Алија Изетбеговиќ, Мухамед Шачирбеј и Харис Силајџиќ. Сите во еден апартман го правеле невозможното. Фрањо Туџман ја држи страната на Милошевиќ. Низ ходниците се шетаат американски офицери за врска меѓу преговарачките страни за да припомогнат, но и да свиткаат некоја рака. Кога ќе зачкрипи булдужерската дипломатија, Ричард Холбруг му врти на државниот секретар Ворен Кристофер за со својот авторитет да ја поттурне работата. Во еден хотел во близина своја шанса чека и Ибрахим Ругова. Членовите на делегацијата, кога ќе се заморат, се релаксираат во клубовите на Дејтон, каде што Јовица Станишиќ „држи часови“ по гитара.

„Книгата е сведоштво за тоа што навистина се случи од час во час, од ден во ден. Милошевиќ беше главен преговарач и лично го доживеав како човек кој може да го носи товарот. Можеби внатре имал некоја слабост, но не можеше да се види. Некогаш во текот на преговорите знаеше да ме праша: ‘А како твоите пријатели Американци ќе реагираат?’, што значи да имал двоумење, но тоа успешно го криеше. Хрватите беа релаксирани, го завршиле сето што требало да го направат, и таму беа како на излет, но Фрањо Туџман беше многу кооперативен. Кога влеговме кај него на кафе и колачи и со предлог барем Србите и Хрватите да постигнат договор, тој веднаш ќе прифатеше. И да го немаше тој заеднички притисок кон Слободан и Фрањо, муслиманите не би прифатиле договор. Се однесуваа како размазени деца кои мислеа дека во Дејтон дошле по лижавче, а не на преговори. Беа убедени дека Америка е на нивна страна и дека сè ќе им завршат тие. Америка доста од тоа заврши, но мораа и тие да бидат кооперативни“, се потсетува Вујовиќ.

Брда за подарок

Вујовиќ во книгата илустрирал многу впечатлива епозода во која Ворен Кристофер бара од Милошевиќ  како симболичен гест и отстапка на муслиманите да им даде брда околу Сараево од кои Србите пукаа во градот.

 

 

„Во ред. Ќе дадам. Нека не е ни половина до еден процент, но нека биде последната работа која од нас се бара“, изјави Милошевиќ, а Кристофер  возврати дека не знае дали тоа ќе биде последното барање на муслиманите, но дека ќе биде последно кое тој ќе ни го предаде во нивно име.

Но, во еден друг случај, Милошевиќ не попушти, и тоа нè чинеше бомбардирање и проблеми со Косово. Имено, американското раководство имало идеја во Дејтон да се реши и овој проблем па преку Небојша Вујовиќ го испратиле нацрт-договорот на Слободан, кој предвидувал широка автономија за Албанците, изградба на нивни институции кои биле напуштени, намалување на централизираното влијание на Белград, но тоа решение подразбирало и остатокот од Косово да биде во рамки на Србија. Милошевиќ тоа го одбил. Пред тоа, никој немал храброст да му го однесе документот кој Вујовиќ прво му го донел на министерот за надворешни работи ,Милан Милутиновиќ, кој го погледнал и рекол „Дали сакаш Слоба да ме убие? Иди, сам однеси го и нека ти е со среќа“.

Неблагодарната должност му припаднала на Вујовиќ, а како тоа изгледало, тој пластично опишува во книгата

Пропуштена шанса

„Милошевиќ го прочита документот и гневно стана. Потоа го стука документот и ме погоди во глава. „Дали тие се заебаваат со мене? Па што мислат тие, кој сум јас? Какво Косово, тоа е внатрешно прашање на Србија, не доаѓа предвид. Кажи им го тоа на своите пријатели во Вашингтон, дека не доаѓа  предвид со мене да се заебаваат. Затоа што ако се заебаваат, ќе добијат добро заебавање!“.

Вујовиќ стутканите документи ги вратил на американскиот посредник Барли, кој му рекол: „В ред Небојша, јас ќе ја информирам американската делегација. Само мислам дека ова можеби е пропуштање на последната шанса ситуацијата да се реши на еден рамнотежен, балансиран, општоприфатлив начин и дека неволјата допрва ќе дојде“.

За жал, бил во право

„Пропуштивме голема шанса. Тогаш можеше да се извлече решение за Косово, кое навистина беше по формулата, ‘повеќе од автономија и помалку од независност’. Изгубивме сериозна можност да се потпреме на прагматизмот и наследството на Кисинџер (Хенри Кисинџер, американскиот државен секретар во 70-тите години од минатиот век), политичка доктрина, а не да влетаме во ножиците на политиката на Бжежински (Збигњев Бжежински, политиколог и надворешен геостратег, советник на два американски претседатели), која ја отсликувала реченицата ‘Повлечи ги силно за му*а во правец во кој сакаш и ќе те следат’. Примени ја силата ако мораш, затоа што без сила нема да можеш да постигнеш решение. Ние, за жал, го избравме ова второто. Кога разговарав со Кисинџер последен пат, во октомври во 1998 година, и го прашав што следи, ми рече: ‘Ги испуштивме сите можнсти во Дејтон. Сега ќе ве удри’, Така и беше“, вели Вујовиќ.

Тој, сепак, напоменува дека што се однесува до БиХ, вој Дејтон, српскиот преговарач го извлече максимумот.

„Создадовме втора српска држава која не е независна, но Република Српска ги има сите атрибути на видливост и постојаност“, заклучува Вујовиќ.

Баба од Горажд

Кога преговорите биле завршени, Вујовиќ заминал во централната команда на воздухопловните бази кај генералот Васил Кларк, кој му покажал нешто поради кое останал без зборови. Помошникот на Кларк го вклучил мониторот и сателитските снимки:

„Најпрво ја видов Земјата, потоа полека ги избриша сите континенти, па потоа во крупен план Европа, па потоа Балканот, БиХ, а потоа и градот. Генерал Кларк изјави: ‘Еве, ова е Горажд. Сега ќе му го зумираме лицето’“.

Зумиравме еден балкон на кој стоеше една старица. Јасно  го видов нејзиното избрчкано лице. Останав вџашен. Кларк ми рече: „Видете како ние следиме што се случува во БиХ. И кога ќе ви кажеме дека некаде се случило насилство, ние тоа секако во целост го документираме“.

Кој е Небојша Вујовиќ?

Небојша Вујовиќ (61) бил вицеконзул во Сиднеј, потоа и шеф на мисијата на СР Југославија во Вашингтон. Бил и претседател на Комитетот за соработка со КФОР и УМНИК. Учествувал и во преговорите во Куманово кои довеле до прекин на НАТО бомбардирањето. По завршувањето на дипломатската кариера, заминал во светот на бизнисот: бил директор на Hemofarm USA, советник на германската Stade, а сега и партнер во една њујоршка адвокатска фирма.

За Американците

Тие се каубојци. Кога Американец ќе поведат девојка на вечера, тој ќе ѝ каже: „Те водам на вечера, јас ќе платам, а потоа имам намера со тебе нешто да направам“. Значи тие се директни, робусни, воспитани се дека силата е во право и дека американската воена моќ треба да биде неприкосновен арбитар таму каде што американскиот шарм не минува. Ако Холивуд не мине, има да помине Пентагон.

 

 

 

 

 

Scroll to Top