За новогодишните празници „Оревокршачка“ во МОБ

За новогодишните празници, Националната опера и балет ја најави балетската претстава „Оревокршачка“. Најавени се четири изведби утре, сабота, недела и понеделник. Претставите на 25 и 29 декември се наменети за најмладите и се со почеток во 12 часот на пладне, додека претставите на 28 и 30 декември се со почеток во 20 часот, со оркестарот, балетски првенци, балетски солисти, балетскиот ансамбл како и ученици од ДМБУЦ – Илија Николовски Луј. Диригент е Бисера Чадловска.

Ова е едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени по музика на Петар Илич Чајковски. Волшебна балетска авантура за сите возрасти. Новогодишно-божиќна бајка која мириса на снег, карамела и на цимет. Обоена е со црвено, златно и со бело. Веројатно затоа на публиката никогаш не и е доста од балетот „Оревокршачка“

Scroll to Top