За обновата на Богородичната црква во Париз дарувани 1.000 даба од познатата француска шума Берса

By

Откако големиот пожар на 15 април 2019 година значително ја оштети Богородничката црква во Париз, шумарите од цела Франција се организираа да даруваат 1.000 даба за нејзината обнова.

Катедралата „Нотр Дам“ беше значително оштетена во пожарот на 15 април 2019 година.

Како што објави „Дојче веле“, планирано е 500 даба да се дадат од државните шуми, а 500 од приватни имоти.

„Тие ќе минат векови во катедралата. Одлично е. Ние им даваме втор живот на нашите дрвја. На некој начин тоа е и почит кон сите оние шумари што се грижат за нив“, изјави Клер Кинон, претставник на шумското стопанство.

Во извештајот се вели дека „најубавиот даб во Франција расте во шумата Берса во долината на реката Лоара“. Од таа шума ќе бидат избрани осум даба, кои ќе бидат селектирани со помош на беспилотни летала и 3Д-симулација.

Според шумарите, дабот е прилично скап – кубен метар чини и до 1.000 евра. Од тоа дрво во пиланата ќе се исечат греди со димензии 40 х 36 сантиметри, долги 17 метри. Дрвото ќе се користи за обновување на сводот во „Нотр Дам“.

 

Катедралата „Нотр Дам“ е средновековна скапоцена готска архитектура, која се наоѓа во срцето на Париз, покрај реката Сена.

Богородичната црква во Париз, наречена „Нотр Дам“, е средновековна католичка катедрала и се наоѓа во срцето на Париз покрај реката Сена. Посветена е на Дева Марија и се смета за една од најскапоцените дела од времето на француската готска архитектура.

Ќе ви се допадне

AnimeDao darling in the franxx animedao: Watch Death Note Episode 30

ANIMEFLIX anime online: High School DxD (https://animeflix.nl/m/vg0) Episode 12