За пушачите во Шпанија помали плати

Компанијата „Галп“ во Шпанија, која престанала да им плаќа на вработените за времето кое го минуваат на пауза за пушење, го добила случајот пред Високиот суд во Шпанија. Компанијата која се занимава со енергетика соопштила дека постапила според шпанскиот закон кога им го скратила времето поминато надвор од просториите на фирмата, од вкупниот број на работни денови на вработените.

Кратката пауза за кафе или појадок со колегите, исто така е дел од политиката која „Галп“ почнала да ја применува во септември минатата година. Синдикатот, кој овој случај го изнел пред судот, планира да вложи жалба на пресудата. Според неодамнешните измени на шпанскиот закон, компанијата мора да го бележи доаѓањето на вработените на работа и нивното заминување.

Како што пренесува Би-би-си, таквото надгледување требало да ја спречи експлоатацијата на работниците, да ја зголеми флексибилноста во договор со пропишаното работно време и да го реши проблемот со неплатеното прекувремено работење во Шпанија.

Во 2019 година работниците не се платени за речиси три милиони часови прекувремена работа. Сепак, ова барање имаше непредвидени последици за околу 10 милиони пушачи во Шпанија.

Бележењето на влез и излез на вработените од канцелариите на компанијата, сега можат да пресметаат колку време работниците минуваат не се на својата работната маса. Шпанските работници работат повеќе часови годишно од повеќето Европејци, освен Италијанците и Португалците.

Во 2018 година, една компанија во Шпанија можела да очекува од вработените дека ќе работат 1.701 часа, додека во Германија оваа бројка на работни часови изнесувала 1,363, а во Британија 1,538 часа.

 

 

Scroll to Top