Аделаид, тригодишната ќерка на глумецот Мигел Сервантес, почина вчера како последица од нападите на епилепсија што ги имала откога била 7-месечно бебе. Веста за смртта на девојчето на „Инстаграм“ ја соопшти нејзината мајка, Кели.
„Апаратите не работат. Нејзиното креветче е празно. Тишината е неподнослива. Аделаид Грејс не напушти во неделата наутро. Таа замина мирно, лежејќи на моите раце, опкружена со љубов. Kонечно е слободна од болката и нападите, но нашите срца се скршени. Не може да се опише колку те сакаме, Аделаид, бумбарче, и ќе те сакаме засекогаш“, напиша сопругата на Сервантес.
Мигел во Америка се прослави со улогата во серијата „Хамилтон“. Освен ќерката, тој и Кели имаат и син.