Запалена дрвената статуа на Трамп во Словенија

Дрвената статуа на американскиот претседател Доналд Трамп во Словенија, е запалена, открија словенечките власти. Словенечката полиција го бара сторителот.

Статуата висока речиси осум метри, беше подигната минатата година во родното место на Меланија, Село, го прикажува Трамп со четвртаста глава и крената тупаница. Иако конструкцијата станала популарна туристичка атракција, некои жители на Село кај Камник биле незадоволни и најавиле дека ќе ја запалат за Ноќта на вештерките, па била преместена во Моравце, пренесува АП.

Градоначалникот на местото, Милано Балазиќ, рекол дека палењето на статуата претставува симбол на нетолеранција на уметнички проекти во општеството.

Scroll to Top