Затворена англиска лабораторија по издавање негативен тест на илјадници луѓе

Британските власти ја суспендираа лабораторијата за тестирање на Ковид-19 во англискиот град Вулверхемптон затоа што им давала неточен негативен ПЦР-тест на илјадници луѓе, кои можеби биле заразени. Истрагата била отворена бидејќи голем број луѓе имале негативен ПЦР-тест по позитивен резултат на брзите тестови.

Според УКСХА, околу 43.000 луѓе можеби добиле неточен негативен ПЦР-тест, најмногу во југозападна Англија, со што и бројот на заразени од коронавирусот бил потценет во периодот од 8 септември до 12 октомври.

„Веднаш ги суспендиравме тестирањата во оваа лабораторија и отворивме истрага. Нема докази дека, генерално, има какви било грешки во опремата за брзи и ПЦР-тестови и јавноста може со доверба да продолжи да се тестира“, рекоа од Агенцијата за безбедност во здравството, кои ја почнаа истрагата.

Scroll to Top