Бил Козби своите први денови во затвор ги поминал во тотална самотија, а портпаролката на затворот во Пенсилванија изјавила дека актерот ќе остане во изолација уште некое време, поради негова безбедност.
Поранешниот славен затвореник О Џеј Симпсон изјавил дека многу се плаши за Козби бидејќи, како што објаснил, сексуалните предатори и силувачи секогаш имаат најлош можен третман зад решетки и нон-стоп ќе мора да биде под надзор.
На интернет веќе се појавија и први информации за инциденти, иако за нив сé уште нема официјална потврда. Имено, се шпекулира дека затвореници го мавале Козби со хот-дог во глава и дека му го зеле бастунот за одење поради што актерот паднал по скали.
Бил Козби сè уште не смее да прима посета, а првиот телефонски разговор на кој имал право го искористил за да ѝ се јави на својата сопруга Камил.