Здравствените работници од Белгија ѝ свртеа грб на премиерката

Премиерката на Белгија, Софи Вилмес, вчера посети неколку болници за да им пружи поддршка на здраствените работници, но наиде на незадоволство кај некои од нив.  Медицинскиот персонал од болницата Сент-Пијер во Брисел ја пречекаа Вилмес завртени со грб, изразувајќи незадоволство од односот на Владата кон здравството, кое работи со намален буџет. Здраствените работници се незадоволени од платите, а се соочуват и со недостиг на персонал.

Вилмес истакна дека е свесна за состојбата и незадоволството на здравствените работници, но додаде дека е потребно да се врати вредноста на професијата.

„Посетите на болниците Делта и Сент-Пијер беа важни моменти за дијалог и за персоналот и за мене. Дискутиравме за здравствената ситуација, психичките напори, вреднувањето на работата и финансирањето на здраствената заштита“, напиша Вилмес на „Твитер“ по посетата на болницата.

Scroll to Top