Еден од најпознатите британски улични уметници, Бенкси, чиј вистински идентитет е анонимен во јавноста, создаде ново дело и ѝ го подари на Универзитетската болница Саутхемптон. Делото насловено „Менувач на играта“ им е посветено на медицинските лица кои се борат со коронавирусот. На сликата е прикажано момче што си игра со кукла која ја претставува медицинската сестра како суперхеро, а фигурите на суперхероите Бетмен и Спајдермен се фрлени во кантата.
Мистериозниот уметник оставил и порака до медицинските лица во која вели: „Благодарност за сѐ што правите. Се надевам дека ова дело малку ќе го осветли местото, иако е црно-бело“.
Портпаролот на Банкси потврди дека делото во иднина ќе биде поставено на јавно место и ќе се даде на аукција за да се соберат пари за здравствени хуманитарни организации.