Жените живат подолго зашто се помалку килави од мажите

 

Жените секогаш биле инспирација за мажите, предизвикувале внимание и биле љубопитни, но и покрај тоа, останале мистериозни. Таинствени. Понекогаш за жените велат дека се „посилниот пол“, а на социјалните мрежи на духовит начин се раскажуваат приказни зошто е подобро да си жена отколу маж.

Жените во просек имаат подолг век, помалку се килави од мажите, полесно се борат со вирусите, провевот и заморот. Додека зборуваат, можат да прават повеќе работи истовремено, а притоа да не изгубат фокус на тоа што го работат.

Мажите им отвораат врати на жените, а не обратно. Жените имаат ПМС како изговор за лошото расположение, главоболката, малтретирањето на партнерот. Женските солзи се во ред, но ако мажот плаче, тоа е знак на слабост.

Мажите клечат пред жените кога ги бараат за сопруги, а не обратно. Кога се на состанок со некој здодевен тип, жените секогаш можат да се задржат во тоалетот „поправајќи ја шминката“ и да си отидат порано – „затоа што ги боли глава“.

Не им е потребен нов, брз автомобил за да се израдуваат. Ефект на среќа може да имаат и ако купат нови чевли.

Девојките можат да се гушкаат со другарките, да спијат во ист кревет и јавно да покажуваат љубов, а притоа никој да не помисли дека се хомосексуално ориентирани.

Жените не мора да прават ДНК-анализа за да знаат дека детето е нивно.

Секогаш можат да го искористат шармот за да се протнат преку ред или да избегнат плаќање казна за брзо возење.

 

Scroll to Top