Жена најдена жива една недела по падот со автомобил во бездна

Американската полиција ја нашла жива Ангела Хернандес една недела откако со автомобилот излетела од патот и паднала во бездна, пишуваат американските медиуми. Ангела била заробена во автомобилот и повредена, но успеала да преживее така што го користела цревото од својот џип преку кое од блискиот поток пиела вода, додаваат тие.

Настанот се случил во близина на Биг Суру, Калифорнија. Потрагата почнала откако нејзиното семејство ја пријавило за исчезната, но полицијата седум дена безуспешно трагала по девојката. Медиумите јавуваат дека се чувствува добро и дека наскоро ќе биде пуштена дома.

Scroll to Top