Жените во 40-тите години се најсреќни

By

Според истражувањата спроведени во Велика Британија, жените се најсреќни во 40-тите години од животот. Ова истражување покажало дека 70% од жените на возраст од 40 до 50 години изјавиле дека на оваа возраст се чувствувале посреќни од кога било претходно.

dobivaj vesti na viber

Една од причините за нивната среќа и задоволство во животот е што во оваа фаза не се грижат за несигурностите
и глупостите со кои се заморувале кога биле млади. Дури 66% од жените изјавиле дека се чувствуваат одлично во сопственото тело. Дури половина од анкетираните жени изјавиле дека се задоволни и од сексуалниот живот и дека сега сексот е подобар отколку кога биле во своите 20-ти и 30-ти години.

На крајот заклучиле дека непотребно биле критични кон себе кога биле во 20-тите години.

Ќе ви се допадне