„Зимава не чека нов бран од коронавирус, потежок од сега“, тврди американски научник

Американските експерти ја сменија проценката за бројот на починати од коронавирус и сега проценуваат дека бројот на смртни случаи во САД ќе се искачи на 66.000 до август, за 10% повеќе од претходно предвиденото.

Промената дојде откако државите започнаа со ажурирање на нивната евиденција, додавајќи дека голем број стари лица кои починале биле позитивни, соопшти д-р. Крис Мареј, директор на Институтот за здравство на универзитетот Вашингтон.

„Ако луѓето се вратат во нормална социјална интеракција, ризикот од трансмисија ќе се зголеми. И тогаш ќе се вратиме на еден вид експоненцијално вознемирување што се случувало пред да утврдиме социјална дистанца“, изјави Мареј за Си-Ен-Ен.

Директорот на ЦДЦ, Американскиот центар за превенција на болести, најави за „Вашингтон пост“нов бран на коронавирус во зима.

„Постојат добри шанси новиот бран на коронавирус да биде многу потежок во зима отколку што го поминуваме сега“, изјави директорот на ЦДЦ Роберт Редфилд за „Вашингтон пост“.

„Ќе имаме епидемија на грип и епидемија на коронавирус во исто време“, додаде тој.

Досега се пријавени повеќе од 825.000 случаи на заразени со коронавирус во САД и 45.000 смртни случаи.

Scroll to Top