Јубилејното 25-то издание на познатата манифестација „Златна бубамара на популарноста“ ќе се одржи на 12 мај во арената „Борис Трајковски“, соопшти Радио Бумабара на Фејсбук. Веста ја објави непосредно пред историскиот вчерашен натпревар на Македонија против Италија, каде и официјално влеговме во финалетото за пласман на Светското првенство.
Покрај самата најава, Радио Бубамара го објави и настапот на Калиопи и Гаро од 2008 година додека ја изведуваа песната „Едно име имаме“. Претходно тие често објавуваа стари фотографии од минатите изданија на манифестацијата, подготвувајќи ја публиката за многу хумор и оваа година како и сите претходни.