Зошто Будимпешта е идеална дестинација за Груевски

Еден од најубавите градови во Европа, Будимпешта, за многумина е совршена туристичка дестинација. Градот со богата историја, стари градби и архитектура, многу знаменитости и туристички атракции, има и одличен ноќен живот. Затоа Будимпешта е идеална дестинација за сечиј вкус.

1. Градот има неверојатно убава архитектура и градби што ќе ве воодушеват.

2. Можете да уживате во бесконечните панорамски глетки со кои располагаат многу места во градот.

Панорамски поглед на Будимпешта

3. Ноќниот живот важи за еден од најдобрите во Европа, без разлика дали сте расположени за пиење во паб, за танцување во ноќен клуб или да посетите една од термалните бањи.

4. Во градот има голем број ресторани и кафулиња каде се служи превкусна храна – модерна во елитни ресторани, или традиционална унгарска, на пример гулаш или популарниот колач-оџак.

Колач-оџак

5. Погледнете ја Будимпешта од куполата на црквата Св. Стефан, која се наоѓа во центарот на Пешта. Ако дојдете рано наутро можете да присуствувате и на утринската миса и да го чуете пеењето на еден од најдобрите црковни хорови.

Базиликата Св. Стефан

6. Градот има неколку термални бањи со лековити својства, а една од најпопуларните е Széchenyi, која е особено популарна зиме – жешка лековита вода во базени на отворено.

7. Будимпешта има стара, долга историја која ќе ви ја раскажат туристичките водичи. Или можете да купите билет за 24/48 часа на „хоп-он – хоп-оф“ автобус и со локален водич да дознаете се за градот додека во исто време самите го истражувате.

Плоштадот на хероите

8. Природата е секогаш блиску до вас и вреди да посетите еден од многуте големи паркови, или островот Маргит, што се наоѓа среде Дунав.

9. Можете да го посетите третиот најголем парламент во светот чија градба е во готски стил и важи за еден од најубавите.

10. Или да го посетите замокот Буда, кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви, а се наоѓа на врвот на тврдината Хил.

Транмвајот број 2

11. Качете се во трамвајот број 2, кој важи за еден од десетте со најубава рута, а овозможува да уживате во прекрасни глетки низ градот.

12. Ќе се воодушевите од надворешноста и внатрешноста на црквата Свети Матијаш, изградена во 1015 година, а е декорирана со уметнички стаклени ѕидови и прекрасни фрески.

Црквата Св. Матијаш

13. Патувајте низ историјата со првата линија на метрото кое е под заштита на Унеско, а локалците го нарекуваат подземје. Постои од 1896 и е најстарото метро во Европа. Тоа ќе ве одведе до Плоштадот на хероите.

Најстарото метро во Европа

14. Додека шетате можете да посетите еден од најпознатите локални пазари. Или зоолошката градина, една од најголемите во Европа.

15. Ќе поминете низ многу мостови преку Дунав кои ги спојуваат двата дела на градот. Највпечатлив од нив е Ланчениот мост, иако популарни се и Белиот и Синиот мост.

Рибарскиот бастион

16. Ќе уживате во прошетката по скалите и патчињата, како и во панорамската глетка од Рибарскиот бастион кон Дунав и парламентот или ридот Гелерт каде што се наоѓа Цитаделата.

Цитаделата

17. Убав за око е и еврејскиот кварт, со големата синагога.

18. Љубителите на операта можат да одат на претстава во една од најпрестижните опери во Европа или барем да ја посетат зградата со фантастична архитектура.

Крстарење по Дунав

19. Одвојте време за крстарење по Дунав. Во 24/48-часовниот билет за разглед на градот се вклучени и две крстарења, дневно и ноќно.

20. Секоја улица ќе ве одведе до најголемата пешачката улица „Ваци“, полна со кафулиња, слаткарници, ресторани во локален стил и продавници.

Улицата „Ваци“
Scroll to Top