Зошто Путин прв доби чадор на пиедесталот?

Кога на церемонијата на доделување на медалите за најдобрите на фудбалското СП во Москва заврна дожд, речиси инстантно обезбедувањето пронајде чадор за рускиот претседател, Владимир Путин, но другите лидери немаа толку среќа.

Грмотевици можеа да се слушнат во текот на второто полувреме на стадионот „Лужники“, а небото се отвори кога Путин, во придружба на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дојде до подиумот за церемонијата на доделување на медалите.

Костимот на Путин накисна, но набргу со појави човек со чадор, кој му излезе во пресрет на рускиот претседател.

Таква среќа немаa хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, облечена во дрес на националниот тим, и францускиот претседател Емануел Макрон, кои стоеја веднаш до Путин, кој многу пред нив беше заштитен од дождот. Имено, двајцата лидери по неколку минути добија чадори, но, за жал, беше предоцна.

Многумина веднаш се прашаа зошто само за Владимир Путин инстантно имаше чадор, а сите други накиснаа на дождот. Руските служби денеска објавија соопштение во кое се обидоа да дадат одговор на ова прашање.

„Грижата за чадорите е обрска на персоналот задолжен за безбедноста на претседателот. Во нивниот правилник јасно е наведено дека чадор над главата на Путин мора да има во моментот кога ќе падне првата капка дожд. Во таа смисла прашањата во врска со чадорите на Макрон и Колинда треба да им се постават на нивните обезбедувања“, се вели во соопштението на руската служба, кое го пренесе хрватскиот портал „Индекс“.

Scroll to Top