Зошто секоја четврта година е престапна

Секоја четврта година е престапна, односно на секои четири години се додава по еден дополнителен ден во годината. Причината што еднаш во четири години во календарот е ставен и 29 февруари е за да се изедначи календарската година со реалната, астрономска година. Тоа е времето што ѝ е потребно на Земјата да го обиколи Сонцето и изнесува 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди, или 365,24219 дена.

Ако сите каледарски години содржат точно 365 дена, тие би се разликувале за точно 1 ден на секои 4 години. Со тоа со текот на времето би дошло до нарушувањена сезоните, односно годишните времиња. Така на пример во северната хемисфера во месец јули би било зима. За да не дојде до тоа, се додава по 1 ден, а тоа резултира со престапна година која има 366 дена.

Scroll to Top