Потребно:
850-900 г брашно
500 мл топла вода
1 лажица оцет
1 лажиче сол
трошка сув квасец
Фил
500 г мелено месо
3 страка праз
масло сол и црн пипер
За премачкување
150-200 г омекнат путер на собна температура
Постапка
Од сите состојки за тестото замесете тесто. Прво користете миксер додека не се изедначи смесата, не ставајте го веднаш целото брашно, ставете 800 г па потоа видете дали е потребно уште кога ќе почнете да го месите со рака.
Замесете го убаво тестото и веднаш поделете го на 4 топки. Во меѓувреме запржете го празот. Откако ќе се запржи, додадете го меленото месо, убаво испржете сè заедно, додадете сол и црн пипер и тргнете го тавчето настрана.
Секое топче од тестото расукајте го во тенка кора и премачкајте ја кората убаво со путер и здиплете ја превиткувајќи ја 5-6 пати. Секоја вака спремена и здиплена кора ставајте ја во фрижидер.
Кога ќе ги завршите 4-те рите кори, извадете ја првата кора од фрижидер и расукајте ја со помош на сукало. Премачкајте го тавчето со путер и ставете ја кората во тавчето, а краевите од кората треба да висат надвор.
Нанесете половина од филот. Извадете ја втората кора и расукајте ја и ставете ја врз филот. Краевите на двете кори спојте ги во спирална форма, ставете одозгора малку путер и ставете да се пече на 200 степени околу половина час или додека убаво не порумени.
По печење, попрскајте го со вода и покријте го со крпа.