Неодоливо меки топчиња со слатко изненадување од внатре се одлична идеја за божиќните празници.
Состојки:
200 грама стопена свинска маст
100 грама кисело млеко
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 лажичка рендана кора од лимон
брашно по потреба
кутија локум
шеќер во прав
Подготовка:
Брашното истурете го во сад, додајте маст, шеќер во прав, ванила и кората од лимон. Во киселото млеко помешајте го прашакот за печиво, оставете малку да порасне и додајте го брашното. Замесете средно меко тесто колку да не се лепи. Локумот исечете го на парчиња.
Искинете и направете топчиња од тестото со големина на орев. Сплескајте ги и ставете внатре паричња од локумот.
Повторно обликувајте ги во топчиња и наредете ги во тава на фолија за печење. Испечете ги во рерна загреана на 180 степени. Печете ги 15 минути додека не добијат златна боја. На крајот посипете шеќер во прав врз испечените топчиња.