Потребни состојки:
1,5 литар млеко,
100 г чоколадо за готвење,
4 пудинга со вкус на чоколадо,
8 лажици шеќер,
300 г бисквити,
2 ванилин шеќер.
Начин на подготовка:
Во 300 мл млеко додајте го прашокот од пудинзите и промешајте за да се изедначи и да нема грутчиња, а остатокот (1,2 л) ставете го на оган заедно со шеќерот и ванилата. Кога ќе зоврие додајте го разматениот пудинг и мешајте додека да се свари. Во пудингот, додека сè уште е топол, додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во пудингот. Во посебен сад искршете ги бисквитите и прелијте ги со топол пудинг. Добро промешајте да се изедначи. Смесата излејте ја во калап или плех претходно обложен со проѕирна фолија и оставете да се олади, најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер. Добро изладениот колач превртете го врз чинија за сервирање и украсете го по желба со чоколадо или шлаг