Брза бадникова погача

Pред Бадник направете вкусна, брза погача во која можете да ја ставите бадниковата паричка.

Потребни состојки:

500 гр брашно
25 гр квасец
50 гр масло за јадење
250 мл топла вода
сол
шеќер

Начин на подготовка:

Квасецот се става во сад со топла вода со малку шеќер и лажица брашно и се остава да нарасне. Во длабок сад се ставаат брашното, маслото и нараснатиот квасец, па се додава водата и се замесува тесто. Тестото се остава да нарасне. па се дели на четири топки. Првата топка се расукува на работна површина и се става во тава. Се премачкува со масло. Трите преостанати топчиња се расукуваат и се прави форма како триаголник, па се ставаат врз првата кора и секое од нив се премачкува со масло. Помеѓу корите може да се стави паричка завиткана во фолија. Погачата се пече околу 40 минути во загреана рерна на 200 степени.

Scroll to Top