Потребни состојки:
3 пудинзи од ванила
1 литар млеко
10 лажици шеќер
3 банани
Шлаг пена
500 грама бисквити
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото заедно со шеќерот. Додадете го измешаниот пудинг и мешајте на оган.
Искршените бисквити ставете ги во сад и додадете ги бананите исецкани на парчиња.
На ова додадете го сварениот пудинг и измешајте.
Фино распоредете ја смесата во садот и ставете ја во фрижидер за да се излади.
Изматете ја шлаг пената со шеќер по желба и премачкајте преку изладената торта.