Домашна ресана како од продавница

Состојки:

За кора:

4 јајца
4 лажици шеќер
4 лажици брашно

За желе:

Околу 3,5 дл цеден портокал
1 пакетче желатин (за ½ литар течност)
3 лажици шеќер

За глазура:

200 гр чоколада

Начин на подготовка:

Направете кора од 4 јајца, 4 лажици брашно и 4 лажици шеќер – се мати се заедно додека смесата добро не се изедначи. Се пече на плех обложен со хартија за печење. Откако кората ќе се олади, со калап или чаша се прават кругови.

Сокот од портокал се цеди, се додаваат 3 лажици шеќер и стопениот желатин направен според упатството. Содржината се исипува во плех со димензии 24 х 34 , обложен со хартија за печење. Кога желето ќе се стегне неколку часа во фрижидер, се прават кругови со калап или чаша, помали од оние претходно. Желе круговите се ставаат врз поголемите кругови направени од кората.

Чоколадата се топи на пареа. Се размачкува во тенок слој на мрсна хартија на површина од 20х30 см, на две места. Кога ќе се стегне, од секоја табла се вадат кругови, со ист или поголем калап од оној за кората.

Калапот се загрева за да можат да се вадат кругови чоколада. Чоколадните кругови се поставуваат врз кората со желе и се ставаат за кратко во рерна, додека чоколадата се стопи колку да се оцрта желето од долу. Оставете глазурата да се стегне.

Scroll to Top