Потребни состојки:
200 г брашно
100 г свинска маст
1/2 лажиче прашок за пециво
2 пакетчиња ванилин шеќер
2 лажици шеќер во прав плус шеќер во прав за валкање
прстофат зачин за медењаци
100 г толчени ореви или бадеми
1 мало јајце
2-3 лажици јогурт
Начин на подготовка:
Од оваа количина се добиваат 20 ванилици. Се замесува тесто од сите состојки и се става во фрижидер 20-тина минути. Потоа се расукува тесто дебело околу 1,5 см. Со чаша се вадат форми и се печат на намастен плех 180 степени околу 20 минути или додека да поруменат. Кога ќе се испечат, извадете ги од рерната, оставете ги 2-3 минути во плехот и потоа извалкајте ги во шеќер во прав во кој сте додале едно пакетче ванилин шеќер. Правете го тоа полека зашто ванилиците се многу ровки и може да ви се кршат.