Домашно мохито

Потребни состојки:

50мл рум
1 гранче нане
10 коцки мраз
150мл тоник
1/2 парче зелен лимон
1/2 парче лимон

Начин на подготовка:

Најпрво ставете го овошјето во вода со сода да постои 15минути. Исплакнете го добро и пресечете. Коцките мраз поделете ги. Неколку ставете во апаратот за коктели, а неколку дирекно во чашата во која ќе го сервирате коктелот. Нането исто така поделете го. Малку за декорација, а другиот дел за коктелот. Исечкајте го и помешајте го со мразот во чашата. Додадете рум, тоник, а потоа и сокот од зелен лимон и лимон. Промешајте ја смесата, па сипете во чашата во која се коцките мраз и нане. Декорирајте со парчиња на лимон.

Scroll to Top