Домашно трилече

Трилече е популарен десерт кој се подготвува со 3 вида на млеко.

Состојки:

Тесто
2 чаши брашно
1и1/4 чаша шеќер
6 јајца
2 ванили
1 пециво

Млечен прелив
1 л. млеко
500 мл. слатка павлака
150-200 гр. кондензирано млеко

Глазура готов карамел

Подготовка:

Најпрво одвојте ги белките и жолчките од јајцата. Белките изматете ги со шеќерот цврсто како шлаг, па додавајте ги жолчките една по една и продолжете со матењето да се соедини смесата. Потоа додадете го брашното заедно со прашокот за печиво и измешајте. Премачкајте ја со малку путер тавата, па истурете ја смесата во неа. Печете во
загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, потоа намалете ја температурата на 180 и печете уште 20 минути.
Оставете го тестото да олади за да биде млако.

Во меѓувреме измешајте ги сите видови на млеко. Млакото тесто превртете го на крпа и во тавата истурете половина од измешаното млеко. Во него ставете го тестото како што е превртено и над него прелијте го остатокот од млекото. Оставете го да впие од млекото околу 2 часа. Потоа исечете го на коцки со пластична алатка, покријте го со фолија, и ставете го во фрижидер неколку часа добро да се разлади. Најодозгора ставете ја глазурата од готова карамела.

 

Scroll to Top