Потребни состојки:
2 чаши брашно (1 чаша бело и 1 чаша интегрално)
½ лажичка сол
1 лажичка шеќер
20 г свеж квасец
2 лажици масло
½ чаша топла вода
сечкани маслинки по потреба
1 лажица мед варен во 1 чаша вода
сусам по потреба
Начин на подготовка:
Се раствора шеќерот и квасецот во топла вода, се меша и трга на страна. Во сад, ставете 1 чаша брашно, сол и масло. Добро измешајте. Додадете го квасецот и замесете тесто. Додадете ја другата чаша брашно постепено по потреба за тестпото да не се лепи. Покријте и оставете го да се зголеми двојно.Поделете го тестото на 6 еднакви парчиња за да добиете 6 ѓевреци со средна големина. Набрашнете ја работната површина, со рацете исукајте го секое парче во форма на јаже, па раширете го малку и распоредете ги исечените парчиња маслинки во средината и пак затворете го. Вртете го тестото спирално и спојте ги краевите за да добиете круг. Во сад сварете вода со мед и во неа натопете го цел ѓеврек, па ставете го во сусам. Ќевреците се редат на плех обложен со хартија за печење и се печат на 200 степени околу 30 минути.