Како да го спасите јадењето ако сте ја пресолиле храната

Ако не сте внимавале и сте ставиле премногу сол во јадењето, постои решение.

Ако се во прашање шпагети или друг вид тестенини, додадете уште вода или замените ја пресолената вода.

За супа и сосови, идеално решение е компирот. Доволно е излупениот компир да го ставите во јадењето и да продолжите со готвењето. Компирот ќе ја впие солената течност. Не заборавајте во тој случај да додадете уште течност.

Ако сте го пресолиле јадењето, одредите точен однос на намирници и сол и по можност додадете уште намирници, на пример зеленчук или месо.

И додавањето магдонос е одличен начин да го замаскирате вкусот на пресоленото јадење, особено кај сосот.

Најдобро е да не го посолите јадењето во целост во почетокот на подготовките. Пробајте го пред крајот на готвењето и додадете сол по потреба и вкус.

 

Scroll to Top