Кофтиња од тиквички

Потребни состојки:

1 кг тиквички, рендани
сол по вкус
¼ чаша рендан пармезан
2 јајца
2 стапчиња млад кромид, сечкан
3 чешниња лук, пасиран
4 листови босилек, сечкани
малку морско оревче
лук во прав
бибер по вкус
1 лажица масло
1 лажичка маслиново масло

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките и стиснете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот течност што ја пуштаат. Посипете ги со сол. Повторно оставете ги врз хартија за да се доцедат, бидејќи од солта ќе пуштат уште течност. Измешајте ги пармезанот, јајцата, кромидот, лукот, босилекот, морско оревче, лукот во прав и црниот пипер во сад. Промешајте, па додадете ги тиквичките. Спојте ја смесата. Загрејте го маслото во тава на среден оган. Со раце формирајте ќофтиња. Пржете ги додека не се зацрвенат убаво од двете страни. Послужетре ги топли.

Scroll to Top