Кока-кола колач

Лесен и брз колач што можете да го подготвите уште денес.

Потребни состојки:

5 жолчки
5 лажици шеќер
5 лажици жешка вода
5 лажици остро брашно
1 лажица какао во прав
1/2 кесичка прашок за пециво
5 белки
150 гр маргарин, на собна температура
150 гр шеќер во прав
150 гр мелени ореви
150 гр мелени бисквити
100 мл кока-кола
50 мл рум
250 гр чоколадо за готвење
180 гр маргарин
1 лажица масло
малку изматена слатка павлака

Начин на подготовка:

Пенесто изматете ги жолчките и шеќерот и додате ги врелата вода, брашното и прашокот за пециво. Изматете ги петте белки и внимателно додајте ги во смесата со жолчки. Оваа смеса истурете ја во тава, претходно обложена со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 170 степени 20 минути. Печеното тесто извадете го од рерна и оставете малку да се излади, па превртете го на чинија за сервирање. Внимателно извадете ја хартијата. Пенесто изматете 150гр маргарин со шеќерот во прав, па додајте ги оревите, бисквитите, кока-колата и румот. Филот ставете го преку тестото.

Во длабок сад на рингла растопете го чоколадото со маргаринот и додадете го зејтинот. Оваа глазура прелијте ја преку колачот. Оставете го уште малку на собна температура за да се излади глазурата, па ставете го фрижидер убаво да се олади. Изладениот колач исечете го на коцки и украсете ги со изматена слатка павлака.

Scroll to Top