Колач со јаболка и џем од кајсии

Потребни состојки:

2 јајца
200 г шеќер
200 мл масло
200 мл млеко
200 г мелени ореви
200 г гриз
200 г брашно
2 рендани јаболка (може и повеќе за поголема сочност)
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
50 г џем од кајсии
50 г сечкани ореви

Начин на подготовка:

Во длабок сад пенесто изматете јајца, шеќер и ванилин шеќер. Додадете масло, млеко, ореви, гриз и брашно кое сте го измешале со прашок за печиво. На крај додадете ги изренданите јаболка, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех (20х35 см). Печете на 190 степени до 35 минути. Печениот колач премачкајте го со џем од кајсии и наросете со сечкани ореви.

Scroll to Top