Потребни состојки:
500 грама моцарела
3 лажици рендан пармезан
1 јајце
100 грама брашно
половина лажичка оригано
презла
малку путер
Начин на подготовка:
Измешајте рендана моцарела, пармезан и јајце, па додајте брашно и оригано. Замесете го тестото со рака, па направете топчиња. Извалајте ги во презла и кратко пропржете ги на малку путер, додека да добијат убава златна боја. Послужете ги топли, додека кашкавалот е растопен.