Потребни состојки:
200 грама презла
2 лажички зачин
700 грама пилешки гради, исечени на ленти
50 грама брашно
1 јајце
3 лажички маслиново масло
сол и бибер
Начин на подготовка:
Во плиток сад измешајте ги презлата и зачинот. Пилешкото месо извалкајте го во брашното во кое претходно сте ставиле малку бибер. Потоа месото извалајте го во јајцето, па во презлата со зачините. Загрејте го маслото на средна температура и пржете ги пелешките прсти додека не станат кафеави, по околу 2 минути на секоја страна.